Критикуван поради неговата пасивност на пазарот, Манчестер Јунајтед размислува за понуда за Дони ван де Бик од Ајакс, пренесува „ЕСПН“. Според информациите, Оле Гунар Солскјер смета дека 22-годишниот играч може да биде решение за многу од проблемите во средниот ред.
Младиот холандски репрезентативец е во радарот и на Реал Мадрид. Сепак, пред само еден месец, Ван де Бик увери дека не размислува за трансфер.
Досега во текот на кампањата тој може да се пофали со 8 голови и 8 асистенции на 26 натпревари со Ајакс на сите турнири.