Компанијата за секс-играчки „Лавхани” објави понуда за замена на несакани новогодишни подароци, за нивни производи. Заменетите предмети ќе одат во добротворни цели, односно наменети за бездомниците во Лондон.

„Со секс-играчки ќе се здобијат само првите илјада луѓе, кои сакаат да се ослободат од несаканите божиќни подароци. Тоа може да бидат книги, облека, ди-ви-дија, но сè тоа треба да биде одлично сочувано. Замената ќе се врши крај брегот на Темза во лондонскиот кварт Саутбенк“, известуваат од британската компанија.

Највисоката цена на секс-подарокот, сепак, мора да биде најмногу 60 фунти.

Организаторите на настанот истакнуваат дека така сите ќе бидат задоволни: „Бездомниците ќе имаат корист од подарените предмети, а дарителите ќе се насладуваат на сексуални ’занимации‘ во најздодевните и студени месеци на годината“.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2020 13:04