Четворици ирачки војници се повредени денеска во напад врз ирачката воздухопловна база Балад, во која се сместени американски сили, соопштија два воени извора.

Врз базата се истрелани седум минофрлачки бомби.

Воени извори наведуваат дека бомбите се фрлени на пистата во базата, која се наоѓа на околу 80 километри северно од Багдад.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/01/2020 19:41