Директорот на меѓународната организација Хјуман рајтс воч, Кенет Рот изјави денеска дека властите во Хонгконг му забраниле влез на таа територија.

Рот требаше да го претстави годишниот извештај за состојбата со човековите права по неколку месечните продемократски протести.

– Се надевав дека ќе можам да ги претставам зголемените напади на Пекинг против меѓународните напори на поддршка за почитување на човековите права, истакна Рот.

Тој додаде дека забраната да влезе во Хонгконг е „јасна илустрација“ за она што сакал да го презентира.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/01/2020 19:43