Цените на горивата остануваат исти, а од полноќ поскапува само мазутот М-1 НС за 1,877 денари за килограм, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,97 отсто.

Новата малопродажна цена на мазутот М-1 НС изнесува 40,424 денари за килограм. Малопродажната цена на на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 68 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 и понатаму ќе се продава за 70, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 62,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 51,5 денари за литар.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/01/2020 18:36