Владата на Венецуела е подготвена за нови преговори со опозицијата, на кои би разговарале за иднината на земјата, изјави денеска претседателот на Уставотворното Народно собрание Диосдадо Кабело.

– Норвешката Влада инсистира на нов преговарачки процес. Претседателот Николас Мадуро покажа подготвеност да почне дијалог, потенцираше Кабело. Тој потенцираше дека Владата на таа земја е секогаш подготвена на мирен начин да ги решава проблемите.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/01/2020 12:33