Во просториите на „Серти Адрија“ денеска ќе се одржи настан за успешното мајкрософт-сертифицирање на наставниот кадар во Општина Карпош.

На настанот, како што информираат организаторите, предвидено е да се обратат градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев и оперативниот директор на „Серти Адрија“ Марко Серафимовски.

– Мајкрософт-сертифицирањето овозможува развивање на дигиталните вештини кај наставниците и учениците, поголема конкурентност на наставниот кадар при аплицирање за проекти и организирање поинтересна настава, информираат од прес-службата на Општина Карпош.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2020 09:55