Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва ги повикува заливските земји да го разгледаат заедничкиот безбедносен механизам за регионот и истакна дека е време светот да ги отфрли унилатералните мерки, како што се санкциите.

-На заливските земји им предложивме да размислат за заеднички безбедносен механизам, што би почнал со мерки за изградба на доверба и меѓусебни покани за оддржување воени вежби, објасни Лавров на Меѓународната безбедносна конференција во Њу Делхи.

Само еден ден откако Велика Британија, Франција и Германија официјално го обвинија Иран дека ги крши одредбите од нуклеарниот договор и предупредија дека санциите на ОН повторно можат да бидат воведени кон Техеран, шефот на иранската дипломатија Мохамед Џавад Зариф, кој, исто така, присуствуваше на конференцијата, оцени дека употребата на таквиот механизам е без правен основ и претставува стратешка грешка.

Лавров смета дека унилатералните санкции претставуваат проблем во денешниот свет, пренесуваат британските медиуми.

-Во 21 век време е во меѓународните односи да се ослободиме од методите што потсетуваат на колонијалните и неоколнијалните времиња, а едностраното воведување санкциии нема да даде резултати, истакна Лавров.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2020 10:38