Американскиот Стејт департмент ги предупреди Американците во Кина на зачестените случаи на пневмонија во градот Вухан, наведувајќи дека досега веќе има една жртва.

Британските медиуми веќе јавија за претпоставката дека заболувањето е предизвикано од нов тип на корона вирус.

Во денеска лиферуваното предупредување од американскиот Центар за контрола и превенција на болестите граѓаните кои сакаат да патуваат за Вухан се советуваат да избегнуваат контакти со животни, пазари за животни или животински производи, пренесува БТА.

Американците, кои веќе го посетиле Вухан и почувствуле нелагодност се повикуваат веднаш да побараат медицинска помош.

Кинеските здравствени власти јавија за 41 случај, предизвикани од новиот тип на вирус.

Светската здравствена организација предупреди дека заразата може да се прошири.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2020 11:52