Одлуката предвреме да се вратат дома словенечките војници кои беа на мисија во Ирак не наштети на угледот на државата. Ова го изјави претседателот Борут Пахор, по бројните критики во јавноста и политичарите дека Словенија го изгубила меѓународниот углед со ваквото решение, јави дописникот на МИА од Љубљана.

– Весел сум дека јавноста мисли дека не смееме да носиме брзи одлуки. Ако сакаме и понатаму како членка на НАТО со нашите сојузници да учествуваме во мировни мисии, тогаш и мислење на јавноста е многу важно. Воедно мораме да разбереме дека тоа јавно мислење, ако има жртви, може многу брзо да се смени, изјави Пахор.

Тој и владата по одлуката да се повлечат војници од Ирак, беа под жестоки критики од опозицијата и дел од јавноста, дека со ваквата одлука директно наштетиле на угледот на армијата и државата.

Инаку, Словенија беше првата и до денес единствената држава, која по иранските ракетни напади во Ирак, одлучи да ги врати своите војници дома.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2020 20:39