Црногорската Влада соопшти дека преку социјални мрежи е пласирана во рамки на ширење невистини за Црна Гора, лажна вест дека интернетот во државата е под надзор и дека следат ограничувања за пристап.

Надлежните служби на Црна Гора преземаат мерки за квалификување кривични дела по службена должност, се вели на Твитер налогот на Владата на Црна Гора.

На Фејсбук профилот „Лоши глумци“ претходно беше објавено дека во Црна Гора, исклучувањето на интернет-врските со светот е во фаза на подготовка и дека се подготвува таканаречен „Црногорски интернет“ каде што би работеле само клучните владини сервиси.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2020 10:55