Претставник на Иран ќе отпатува за Украина по повод истрагата за соборениот патнички авион во близина на Техеран минатата недела, изјави денеска министерот за надворешни работи Вадим Приштеко.

– Иран е подготвен да ги пренесе податоците и снимките од летот откако ги разгледа заеднички истражен тим составен од експерти од Иран, Канада и Украина, рече Приштеко.

Авионот беше погоден со ракета на 8 јануари, веднаш по полетувањето од аеродромот во Техеран кон Киев.

Иран во саботата призна дека по грешка го собориле авионот, при што загинаа 176 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2020 13:20