Британското Министерство за финансии соопшти денеска дека ја означува целата организација Хезболах како терористичка група во согласност со нејзините правила за тероризам и финансирање на тероризмот и дека имотот на групата ќе биде замрзнат.

Претходно, само на военото крило на Хезболах можеше да биде замрзнат имотот според правилата на Владата на Велика Британија.

Хезболах е вооружена група која САД ја окарактеризира како терористичка организација, основана во 1982 година од иранската Револуционерна гарда и е важен дел од регионалниот сојуз под водство на Техеран познат како „Оска на отпорот“.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2020 20:31