Индексот на Македонската берза МБИ-10 на крајот на последниот работен ден од неделава изнесуваше 4.872,39 проценти, што претставува раст од 0,7 проценти на неделно ниво.

Според податоците на Берзата, вкупниот промет на берзанските трансакции неделава изнесувал 136,1 милиони денари, што е речиси двојно повеќе споредено со претходната седмица, кога тој изнесувал 70,3 милиони денари.

Како што објави СееЊуз, ОМБ индексот на Македонската берза пак неделава бележи пад од 0,02 индексни поени во однос на претходната седмица, односно од 132,91 на 132,89 индексни поени.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2020 13:06