Кристијан Ниневски беше најсреќен меѓу 140-те верници кои скокнаа во водите на Вардар по светиот крст на централната манифестација за големиот христијански празник Богојавление – Водици во центарот на Скопје и го извлече крстот од осветените води.

Ниневски и лани го извади светиот крст од водите на реката Вардар.

– Чувството е прекрасно, Бог се јави… Минатата година ми донесе синче, здравје, среќа на мојата фамилија, тоа им го посакувам на сите. Посакувам секоја година што поголем број да бидеме и Бог да даде сите што скокаат по крстот да го осетат ова чувство. Минатата година добив икона, библија, крст и ланче, рече 26-годишниот Ниневски во изјава за медиумите.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2020 18:56