Друштвените вештини кај детето што се учат во градинка, но и на улица, се можеби и поважни од академското образование, оценуваат стручните лица.

Истражување објавено неодамна, посочува дека без обѕир на тоа колку детето е напредно во читањето или колку неговите родители заработуваат, градинката е клучна во здобивањето на основните способности, речиси неопходни за завршување на средното, па и високото образование и наоѓањето работа потоа.

Во играта, детето учи како да се игра со другите, како да решава проблеми, како да препознава и забележува чувства и емоции, како да им помага на другите и како да ги контролира своите нагони и потреби.

Затоа, советот гласи – родителите да не создаваат притисок заради намалување на времето што детето го минува во игри и дружење, на сметка на учењето.

Токму оние, првите вештини се најдобар показател за долгорочен успех во животот.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2020 13:56