Претседателот на комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Адам Шиф, ги обвини американските разузнавачки агенции дека не му предаваат на Конгресот документи што се поврзани со Украина, а можат да имаат суштинско значење за процесот за импичмент на Трамп, пренесоа американските медиуми.

-Се чини дека тие се ставени под притисок од администрацијата, изјави Шиф во емисијата „Оваа недела “ на телевизијата Еј-Би-Си.

Шефот на комисијата за разузнавање е назначен за главен обвинител во процесот за симнување на Трамп од функцијата.

Шиф конкретно ја посочи Агенцијата за национална безбедност, која, според него, не предава важни документи.

-Има знаци дека и ЦИА можно е да тргнала по истиот трагичен пат, додаде тој.

Засега нема коментар од разузнавачките агенции, забележуваат американските медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2020 14:17