Пред Вишиот суд во германскиот град Кобленц денеска почна судењето против поранешен преведувач во Бундесвер од авганистанско потекло по обвинение дека шпионирал во корист на иранската разузнавачка служба. За помагање обвинета е и неговата сопруга.

Сојузното државно обвинителство по апсењето во јануари минатата година на 50-годишниот Абдула С поднесе обвинение за велепредавство.

Тој се сомничи дека како преведувач и советник во една касарна во западниот дел на Германија, во 18 случаи проследил воени тајни до иранските разузнавачки служби.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2020 14:56