Потпретседателката на Европска Комисија Дубравка Шуица денеска предложи Конференцијата за иднината на Европа да почне во Дубровник на 9 мај.

Шуица, која е потпретседателка на ЕК за демократија и демографија, задолжена е за организирање на Конференцијата за иднината на Европа. Според замислата на ЕК, Конференцијата треба да почне на 9 мај, на Денот на Европа и да трае две години, но темите, рамката и формата треба да ги усогласат ЕК, Советот и Европски парламент.

– Отворањето на Конференцијата би можело да биде во Хрватска, а мој предлог е Дубровник. Ако се прифати, хрватскиот Парламент би требало да има важна улога во тоа, посочи Шуица.

Конференцијата е замислена како форум за поврзување на европските граѓани, цивилното општество и европските институции со цел Европејците да кажат каква ЕУ сакаат и како да се управува со истата.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2020 19:29