Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Аеродром, Карпош и Сопиште, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

– Во период од 12 до 15 часот без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од ул. „Пролет“ и ул. „Мирче Ацев“, зад Олимписки Базен, како и ПС Кисела Вода, Општина Кисела Вода.

Во период од 8:45 до 11:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од улиците „Руди Чајавец“ бр. 45 и 47, и улица „23 Октомври“, делот кај градинката и црквата „Св. Илија“ во населба Аеродром, Општина Аеродром.

Во период од 9 до 12 часот без струја ќе останат дел од ул. „Франце Прешерн“ и ул. „Марк Твен“, Општина Карпош.

Во период од 8:30 до 15 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од село Добри Дол, Општина Сопиште.

Во период од 9 до 13 часот без струја ќе останат корисниците од дел од ул.„Лазар Димитров“, Општина Кисела Вода.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2020 11:23