Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека новиот коронавирус во следниот период најверојатно ќе се прошири и во другите делови од Кина и можеби и во други земји.

– Во следните денови треба да се очекуваат повеќе случаи во другите делови од Кина и најверојатно и во другите земји, изјави портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ.

Британските медиуми пренесуваат дека досега во Кина вирусот главно беше концентриран во градот Вухан, иако постојат и изолирани случаи во Шангај и Пекинг.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2020 14:59