Нема одговор од општина Аеродром како е возможно да не се одбере фирма која ќе обезбеди храна за основците, три недели додека траеше распустот, па сега децата- особено тие во целодневна настава, и до 17 часот седат гладни? Градоначалникот Златко Марин лично молчи. Новинарите од Телевизија Алфа се обидуваа денеска да обезбедат одговори на прашањата зошто се остави работите да стигнат до тука и да нема фирма што ќе обезбедува храна, зошто на среде школска година се случува ова?

Според неофицијални информации, проблемот е поништена постапка за избор на фирма на ниво на општината. Кои се причините, повторно е непознато, односно нема одговори. Според дел од директорите на училиштата, кои инсистираа на анонимност, изборот на фирма за храна, секое училиште, си го вршело посебно, но од лани, организацијата за ова оди преку општината.И тоа е нејасно зошто?

Првиот ден од второто полугодие стартуваше тензично. Родителите не знаат какви оброци да подготват кога најмалите, особено првачињата, немаат чувство за одговорност да се справат со храната од дома. Ќе ги чекаат ли децата оброците како што со месеци чекаа униформи?



Автор: Администратор
Објавено на: 22/01/2020 00:23