Американскиот Сенат отфрли неколку барања на демократите во врска со процесот за импичмент на претседателот Доналд Трамп. Дебатата во Горниот дом на американскиот Конгрес сè уште не е завршена.

Сенатот, кој е под контрола на републиканците, отфрли барања за документи што треба да бидат доставени во процесот од Белата куќа, Стејт департментот, Министерството за одбрана и Канцеларијата за буџет.

Сите барања беа одбиени со 53 наспроти 47 гласови.

Со толку многу гласови, беше одбиено и барањето на демократите да биде повикан да сведочи и Мик Мaлвани, директорот на канцеларијата за менаџмент и буџет, како и вршител на должност шеф на Кабинет во Белата куќа.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/01/2020 09:44