Eкономската состојба на деловните субјекти во трговијата на мало во четвртото тримесечје од 2019 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а e поповолна и во однос на истото тримесечје од 2018 година,објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, се очекува да биде поповолна и во наредните две тримесечја. Количеството на залихите е незначително намалено во однос на претходното тримесечје.

Финансиската состојба во четвртото тримесечје од 2019 година е поповолна во однос на претходното од 2019 година. Оценката за очекуваните порачки за наредниот период се дека ќе се зголемат, а бројот на вработените се очекува дека ќе се намали.

Продажните цени во четвртото тримесечје од 2019 година се намалиле во однос на претходното, а се очекува нивно стабилизирање во наредните три месеци.

Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на четвртото тримесечје од 2019 година имале: недостигот на обучен кадар со 23,9 отсто, зголемената конкуренција на пазарот со 19,1 отсто, зголемените трошоци за труд со 17,6 отсто и слабата побарувачка од купувачите со 16,6 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/01/2020 15:07