Швајцарија ја издаде најмалата монета на светот. Има вредност од четвртина швајцарски франк, а на сликата е познатата поза на Алберт Ајнштајн каде што тој се плази.

Според државната ковачница за пари Свисминт, паричката од 2,96 милиметра и тешка 0,063 грама, е најмала на светот.

Во соопштението се наведува дека се направени само 999 парички и ќе се продаваат за 199 франци со посебна лупа.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/01/2020 12:53