За пет часа во текот на вчерашната локална сообраќајна контролна акција на 106 возила возачите сами ги отстраниле фолиите, додека осум не го сториле тоа и ќе се соочат со соодветни законски предвидени санкции, информираа денеска од СВР Тетово.

Акцијата е спроведена вчера од 10 до 15 часот на тетовското подрачје.

– Сите прекршители законски сe санкционирани со исклучување од сообраќај и со изготвување поднесоци, зависно од видот и карактерот на констатираните прекршоци, истакна Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

При контролата, исто така, откриени се пет возила со истечена регистрација, исто толку лица ги управувале возилата без положен возачки испит, двајца возачи користеле мобилен телефон, шест возила биле непрописно паркирани и други видови прекршоци.

Затемнетите стакла со фолии на возилата не поминуваат на технички преглед, а како прекршок се казнува со 300 евра.

Во член 20 од Правилник за уреди и опрема и нормална каде е потенцирано колкава треба да биде видливоста на стаклата. Видливовста на ветробранското стакло (шофершајбна) треба да биде 75 проценти, а на страничните бочни стакла кај возачот и совозачот видливоста 70 проценти.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/01/2020 14:46