Боливиската Влада вечерва објави дека привремено ги прекинува дипломатските односи со Куба поради критиките од страна на шефот на кубанската дипломатија на сметка на привремената претседателка на Боливија, Жанин Ањес.

„Министерството за надворешни работи одлучи да ги прекине дипломатските односи со Куба од денеска“, рече боливискиот министер за надворешни работи Јерко Нуњес.

Неговиот кубански колега Бруно Родригес неодамна оцени дека Жанин Ањес, привремен претседател на Боливија од 12 ноември, е „самопрогласена пучистка“.

Изјавата беше оценета како „неприфатлива“ од боливиските власти.

Левичарот Ево Моралес беше принуден да поднесе оставка на 10 ноември со воени притисоци и протести на опозицијата кои се побунија против резултатите од претседателските избори за кои Моралес тврдеше дека победил, иако тој немал право на нов мандат според Уставот.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/01/2020 20:55