Бројот на заразени од новиот тип на коронавриус во централна Кина се зголеми на 830, а досега умреа 25 лица, објавија државните кинески медиуми.

Истовремено, кинеската провинција Хубеи, во која вирусот се појави, побара поголема финансиска помош од државните власти. Засега во 10 градови на провинцијата Хубеи е суспендиран јавниот транспорт.

Градот Вухан забрзано гради нов стационар со илјада кревети за заболените, мобилизирајќи механизација од страна на приватниците.

Новиот вирус и припаѓа на групата вируси кои предизвикаа САРС, болест од која пред 17 години умреа 800 лица ширум светот, а исто така почна да се шири од Кина.

Во меѓувреме, на социјалните медиуми почнаа да кружат видеа од луѓе за кои се тврди дека се заразени со вирусот корона и кои како покосени паѓаат на улиците.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2020 01:36