Најмалку 18 лица загинаа во земјотресот, со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала, кој синоќа ги погоди источните делови на Турција.

Според првите луѓе на окрузите Елазаг и Малатија, бројот на повредени е повеќе од 550 и тоа не е конечна бројка.

Епицентарот на земјотресот бил во источниот турски регион Елазаг, а ударот бил почувствуван дури и во соседните земји како Ерменија, Џорџија, Либан и Сирија се до во Тел Авив.

Земјата и натамму се тресе од секундарните земјотреси кои продолжуваат во областа со силина од повеќе од 5 степени според Рихтеровата скала. Според експертите, тие можат да траат и до една недела, по ваков силен земјотрес.

Во погодените општини испратени се 418 спасувачи и пожарникари од различни области низ цела Турција. Управата за вонредни состојби ноќеска доставила приближно 1.700 шатори и кревети и 9.200 покривки.

Метеоролозите предупредуваат на неповолноста на температурите и за тоа дека дека ноќните температури можат да се спуштат на – 7-12 степени под нулата и предупредуваат на ризик од смрзнатост за оние кои ќе мора да ја поминат ноќта на отворено.

Министерот за одбрана на земјата, Хулуси Акар, рече дека армијата е подготвена да обезбеди помош до колку биде побарано.

Аеродромот на регионалниот центар Елазаг функционира и копнените врски со соседните области не се прекинати. Мобилните оператори обезбедуваат за жителите од погодената област бесплатен интернет и минути за разговори на мобилните мрежи.

Според првичните проценки напукнати се и ризични најмалку 100 згради , а луѓето се предупредени да не влегуваат во нивните домови поради ризик да бидат поклопени од постојаните секундарни земјотреси.

Турските медиуми јавуваат дека бројоот на загинати и повредени не е конечен и тоа ќе се знае во текот на денов. Досега од урнатините е спасен најмалку еден човек ,а се бараат уште 30 лица во областа Елазаг.

Министрите за внатрешни работи, за здравство и животна средина и за јавно здравје се на местото на трагедијата.

Синоќа македнскиот премиер Оливер Спасовски преку порака ирази силна поддршка и солидарност со Турција и турскиот народ.

-Сочувство до семејствата на загинатите во страшниот земјотрес. Нашите мисли вечерва се со турските граѓани. Подготвени сме да помогнеме поарача техничкиот премиер на Република Северна Македонија Оливер Спасовски.

Порака со поддршка и сочувство испрати и екс премиеорт Зоран Заев.Тој на твитер напиша:

-Стигаат вознемирувачки вести од Источна Турција како последица на силниот земјотрес кој се случил вечерва. Изразуваме сочувство до семејствата на жртвите и посакуваме колку што е можно помала штета. Нашите мисли вечерва се со турскиот народ.

Стигаат вознемирувачки вести од Источна Турција како последица на силниот земјотрес кој се случил вечерва. Изразуваме сочувство до семејствата на жртвите и посакуваме колку што е можно помала штета. Нашите мисли вечерва се со турскиот народ.

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендијас, изрази сочувство до неговиот колега Мевлут Чавушоглу и изрази подготвеност на Атина за помош.

Според сеизмолозите Турција лежи на трусно подрачје и е подложна на земјотреси.

Во 1999 година, катастрофален земјотрес со јачина од 7,6 степени го погоди Измир во северозападна Турција, предизвикувајќи смрт на повеќе од 17,000 луѓе, меѓу кои и околу 1.000 во најголемиот град во Истанбул. Тогаш, околу 500.000 луѓе останаа без покрив над главата

Во 2011 година, беше разурнат источниот град Ван и градот Ерци, при што во земјотресот загинаа најмалку 523 луѓе.

Во септември минатата година, земјотрес со јачина од 5,7 степени го потресе Истанбул, поради што жителите на милионскиот град панично бегаат од зградите .

Експертите веќе подолго време предупредуваат дека голем земјотрес може да го уништи целото градско подрачје со население од 15 милиони, поради големи пропусти и избегнување на стандардите во градежништво .



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2020 11:36