Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денес и во вторник без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште, Кисела Вода, Зелениково и Карпош, соопштуваат од РЦУК – Скопје.
Од 08:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Добридол, Општина Сопиште.
Во вторник во периодот од 09:00 до 11:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од ул. „Саса“ во населба Пинтија, Општина Кисела Вода.
Од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Зелениково, Општина Зелениково, а од 12:00 до 15:00 часот дел од корисниците од ул. „Јуриј Гагарин“, Општина Карпош.