Светски реномираната манифестација „Grammy awards“ која се оддржува во Стејплс центар, кошаркарскиот дом на Лос Анџелес Лејкерс и на Коби Брајант започна со минута молк поради трагичната несреќа во која животот го загуби токму легендата на светската кошарка, Брајант.
Во текот на манифестацијата, неколку пати му беше оддадена почит на Коби Брајант а Алиша Кис заедно со Boyz II Men ја отпеа песната "It's so hard to say goodbye" како последен поздрав до него.