Универзитет на Пенсилванија, од 2016 година наваму објавува годишни листи на најдобрите земји за одгледување деца. Според годинашниот извештај, на првите три места се скандинавските земји Данска, Шведска и Норвешка.

Данска е најповолна држава за живот за децата, оти е „прилично дарежлива кога се работи за породилното отсуство за мајките, како и за татковците”, има многу добар здравствен и образовен систем. Поради слични причини, на второто и третото место се Шведска и Норвешка. Како фактор се земени и социјалните програми и ниската стапка на криминал.

Во петте најдобри земји за одгледување деца се и Канада и Холандија, а натаму следат Швајцарија, Нов Зеланд, Австралија и Австрија.

Велика Британија е на 11. место, главно поради нееднаквата просечна заработувачка меѓу мажите и жените, но и затоа што многу деца се раѓаат во сиромаштија.

Германија е на 13. место, а зад неа се Франција, Италија и Шпанија. САД се на 18. место – со лоши оценки поради безбедноста, политичката (не)стабилност, нееднаквоста во заработката меѓу двата пола.

Од регионот, Хрватска е на 24. место, Бугарија е на 42-то, а пак Србија е на 62. место од вкупно оценетите 73 земји.

Најнеповолните десет земји се: Казахстан, Либан, Гватемала, Мјанмар, Оман, Јордан, Саудиска Арабија, Азербејџан, Тунис и Виетнам.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2020 15:32