Покрај новиот урбан парк што Општина Аеродром најави дека наскоро ќе се гради покрај улицата „Методија Шаторов-Шарло“, Стар Аеродром ќе добие уште еден нов урбан парк покрај улицата „Пандил Шишков“.
Вториот парк во Стар Аеродром ќе биде на површина од 4 112 м2 и ќе понуди дел за седење со урбана опрема, платформа за игри, дел за одмор и релаксација, детско игралиште и зеленило.
„Продолжуваме да градиме нови паркови и да подигнуваме нови зелени површини“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.