Италијанско-македонската стопанска комора денеска со настанот насловен „КОНФИНДУСТРИЈА“ ќе одбележи една година работење во земјава.

Комората, како што соопшти, организира иницијативи за олеснување на пристапот на италијанските компании до македонскиот пазар, промовира контакти за склучување бизнис и спроведува интензивна информација и комуникација преку постојано следење на секторските трендови.

На „КОНФИНДУСТРИЈА“ ќе биде најавен претстојниот настан „КОНЕКСТ” кој треба да се одржи кон крајот на февруари годинава во Милано, Италија.

-„КОНФИНДУСТРИЈА“ ги спојува интересите на Италијанците во повеќето земји, ги поврзува бизнисите со иднината, а „Конекст” е деловна средба за индустриско партнерство организирана за зајакнување на деловниот екосистем во хоризонтална и вертикална димензија на интеграција, наведува Комората.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2020 10:02