Јапонија денеска ќе испрати чартер лет кон централниот кинески град Вухан за да врати околу 200 граѓани, соопшти Владата во Токио.
Владата, исто така, ќе испрати доктори, медицински сестри и службеници за карантини со цел јапонските државјани да бидат прегледани во авион, соопшти Министерството за здравство.
Предвидено е авионот да се врати во Јапонија во среда, изјави министерот за надворешни работи Тошимитсу Мотеги.
Со оглед на тоа што вкупно 650 Јапонци од Вухан сакаат да се вратат во својата земја, јапонската Влада ќе испрати повеќе летови за да ги однесе дома, информира Мотеги.