Во најновиот извештај ММФ очекува раст за 2019 година да биде 3,2 проценти, кој е под оптимистичките бројки од 3,5 проценти на Министерството за финансии, а многу подолу од ветените пет проценти економски раст од страна на Зоран Заев и СДСМ. Со вакви стапки на раст Македонија ќе го достигне европскиот просек за најмалку 50 години.

Ова го наведе дополнителната заменик-министерка во Министерството за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на денешната прес конференција на која оцени дека ова е уште еден неуспех, уште еден нотиран лош извештај.

-ММФ има извештај во кој како главни проблеми се корупцијата, ниските капитални инвестиции и непродуктивните трошоци. ММФ ја ревидира проекцијата за раст на економијата која е пониска од таа на Владата. За жал, ММФ нема многу пофални зборови во оние делови кои на долг рок треба да донесат раст и развој на економијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2020 15:12