Манекенката Ирина Шајк, во интервју за „Вог“ првпат проговори за својата разделба со глумецот Бредли Купер.

– Мислам оти во сите добри врски, го внесуваш и најдоброто и најлошото од себе. Тоа е едноставно во човечката природа. Двајца одлични луѓе не мора да бидат одлична двојка, вели таа.

Натаму, рускиот модел вели дека „животот без Бредли е како нова страница“, во смисла на снаоѓањето како самохран родител, што за неа е ново.

– Тешко е да се најде рамнотежата меѓу самохраното родителство и работата. Има денови кога, едноставно се распаѓам, додава таа.

Шајк и Купер само пред неколку дена постигнале договор околу старателството над двегодишната ќерка Леа де Сена. Тие заедно ќе се грижат за детето во Њујорк.

Ирина Шајк се најде и на насловната страница на наредниот број на „Вог“.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2020 16:07