Зајакнување на владеење на правото, подобрување на квалитетот на наставата на сите нивоа на образование, подобар квалитет на здравствените услуги и задржување на лекарите во јавното здравство, се приоритетите на кои треба да биде фокусот на изборните програми на политичките партии на претстојните парламентарни избори, покажуваат резултатите од интернета анкета што ја спроведе Институтот за економски политики и истражување „Finance think“.

На четврто место за граѓание се повисоките плати, како услов за повисок стандард и подобар живот, а според нивните одговори важни се и спречувањето одлив наа квалитетен кадар како и отворањето нови работни места.

Интернет анкетата Институтот ја спровел овој месец. Опфатени се 589 испитаници, со вкупно 1760 одговори. Маргина на грешка според „Finance think“ e 2.12 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2020 14:33