Производството во фабриките на „Тојота“ во Кина е прекинато најрано до 10 февруари, а причина е опасноста од ширење на коронавирусот.

Работата е прекината во фабриките во градовите Тјенџин и Гуангџоу, каде годишно се произведуваат повеќе од 600.000 автомобили.

Фабриките моментно не работат поради празник. Било планирано да се почне со работа на 3 февруари, но поради ширење на коронавирусот датумот е сменет.

„Тојота“ одлучи да донира во Кина медицински маски и друга опрема за прва помош во вредност од околу 1,4 милиони долари.

Производството во две фабрики за мотори претходно го прекина и „Хонда“.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2020 14:34