Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2019 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 648735 мегават часови електрична енергија, 20.833 милиони нм3 природен гас, 517.558 тони јаглен и 93.729 тони нафтени продукти, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 64,2 отсто во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95,7 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2020 15:43