Дополнителната заменичка на министерката финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска беше во посета на Царинската управа каде се започна со актуелните состојби на оваа институција.

- Денешна прва активност, заедно со мојот кабинет ни беше посетата на Царинската Управа на Македонија. Одржавме состанок со Директорот Ѓоко Танасоски и помошник директорот за финансии Саша Сашек Гошева.

Се запознавме со актуелните состојби и работи на Царинската Управа, проектите кои се во тек и правецот во кој треба да се движи институцијата во иднина.

Царинската Управа на Македонија треба да биде првиот браник во штитење на интересите на македонската економија. Граѓаните и компаниите тоа го очекуваат, истакна Димитриеска Кочоска.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2020 19:38