Унгарската Влада одлучи двојно да го зголеми бројот на војниците кои ја штитат јужната граница, изјави Гергели Гулијас, шеф на канцеларијата на премиерот. – Зголемен е притисокот врз мигрантите на тој дел од границата, откако 80 од нив во вторникот се обидоа да преминат во Унгарија од Србија, рече Гулијас. Тој додаде дека петмина од нив успеале во тоа, но сите се уапсени и е покрената казнена постапка против нив. – По две години „релативно мирни услови“, ситуацијата на јужната граница се влоши и се очекува значителен притисок на мигрантите во наредниот период, рече Гулијас. Според него, во овој момент на таканаречената балканска рута има повеќе од 100.000 мигранти.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2020 19:59