Шпанскиот премиер Педро Санчез одлучи да ги одложи преговорите со политичките претставници на Каталонија, додека не се одржат избори во овој североисточен шпански регион, соопшти владата, пренесоа британските медиуми. Соопштението доаѓа само еден ден откако регионалниот лидер на Каталонија Ким Тора изјави дека планира оддржување предвремени избори веднаш по усвојувањето на регионалниот буџет, што се очекува да се случи во мај.

Шпанската Влада соопшти дека Санчез, сепак, ќе учествува на веќе договорената средба со Тора, на 6 февруари.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2020 20:00