До дополнителната заменик министерка - по доставено нејзино барање и беа доставени годишните планови за планирани вработувања на институциите за 2020 и 2019 година по буџетски корисници од прва линија и за јавните претпријатија, каде може да се најдат сите вработувања, унапредувања и пензионирања предвидени по институција. Со овој допис доставена е евиденција за кадровското екипирање на институциите за тековната и претходната фискална година, од каде јасно може да се видат сите движења.

Во однос на известувањата на институциите за вработувања - односно согласностите, ве известуваме дека задача на Министерството за финансии е единствено проверка дали институцијата има обезбедено средства во буџетот во тековната фискална година за вработувањето, а не и одобрување на истото. Законска обврска на Министерството за финансии е да известува дали се обезбедени средства во буџетот на барателот или не, а не да води политика на вработување.

Инаку, се одговара на сите барања за податоци на дополнителната заменик министерка и се доставуваат податоците.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2020 00:33