На 30.01.2020 во 20.10 часот на ул.„Страшо Пинџур“ биле лишени од слобода Е.Љ.(28), М.Љ.(53), и двајцатa од с.Порој, тетовско, Б.Ф.(35) од с.Мала Речица, тетовско, и Е.Л.(37) од Тетово, поради нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка, а по претходна расправија, помеѓу Е.Љ. и М.Љ., од една страна, и Б.Ф. и Е.Л. од друга страна. Во физичката пресметка Е.Љ. употребил остар предмет, додека Е.Л употребил пиштол, за кој поседувал дозвола. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.02.2020 во 03.10 часот во СВР Скопје, Д.П.(22) од Скопје пријавил дека околу 02.45 часот пред угостителски објект на ул.„Бранко Заревски“, поради меѓусебно нетрпение, бил физички нападнат од Х.А.(21) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.13 од ЗППЈРМ.
На 31.01.2020 во 21.00 часот во СВР Куманово, Ј.К. пријавил дека на паркинг простор на ул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, непознати лица фрлиле запалива течност. На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Куманово, каде од В.Т.(26) од Куманово им било пријавено дека на истото место, околу 21.00 часот, неколку лица физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.01.2020 во 14.30 часот во Полициска станица Прилеп, М.М.(24) од с.Лажани пријавил дека околу 13.20 часот на ул.,,Браќа Ламески“, по претходна расправија, бил физички нападнат од С.А. и А.У. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.01.2020 околу 12.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во двор на ОЈУДГ „7 Септември“ во Пехчево, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Р.(31) и Ч.Х.(50), двајцата од Пехчево. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.01.2020 во 17.30 часот во СВР Струмица, К.К.(61) од Струмица пријавила дека околу 14.30 часот била физички нападната од двајца малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.02.2020 во 04.30 часот во СВР Струмица, Ѓ.Ј.(22) од с.Ново Село, струмичко, пријавил дека околу 04.00 часот пред угостителски објект во Струмица, поради претходна расправија, бил физички нападнат од Е.Б. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.01.2020 околу 10.45 часот во СВР Велес, С.Р.(21) од Велес пријавил дека на ул.„Киро Рогужаров“, на место викано „Соколана“, поради недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.01.2020 во 17.53 часот во СВР Велес, Л.Т.(53) од Кавадарци пријавила дека на ул.„Питу Гули“ дошло до физичка пресметка помеѓу О.Т.(54) од Кавадарци и Б.Т(51) од Ваташа, при што истите биле лишени од слобода. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.01.2020 во 20.20 часот во СВР Тетово, двајца 17-годишни малолетници, заедно со нивните родители Г.А.(43) и М.П.(43), сите од Тетово, пријавиле дека околу 17.30 часот во близина на средно училиште во Тетово, двајцата малолетници, по претходна расправија со нивни соученици, биле физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.02.2020 во 01.30 часот во СВР Тетово Ф.Е.(18) и 17-годишен малолетник, и двајцата од Тетово, заедно со нивните родители, пријавиле дека околу 01.00 часот, на крстосница помеѓу ул.„ЈНА“ со ул.„Илинденска“ во Тетово, биле физички нападнати од М.С., со кого се познавале од претходно, и од неколку лица на возраст од 16 до 20 години. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.01.2020 околу 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, З.М.(59) и Г.М.(34), двајцата од с.Љубодраг, кумановско, физички го нападнале Ж.К.(50) од Скопје, вработен во Градски паркинг Скопје. Според пријавеното, причина за физичкиот напад било нивното незадоволство од платената казна за непрописно паркирање. Лицата се обезбедени и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 01.02.2020 околу 02.20 часот пред угостителски објект на ул.„Бранко Заревски“ во населба Драчево – Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода С.А.(48) и Г.В.(49), и двајцата од Скопје, поради физички напад и спречување на полициските службеници при преземање на службени дејствија. Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Драчево и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветени поднесоци.