Пред десетина излегоа и коефициентите во спортските обложувалници за претстојната светска манифестација - Оскари на која годинава свој претставник ќе има и Македонија во две категории преку документарниот филм Медена земја.
Во спортските обложувалници „Sport Life“ доколку пред десетина дена ако уплатевте 1 евро и притоа типувате дека Медена земја ќе добие оскар за најдобар документарен филм ќе добиевте 13 евра, додека пак, доколку уплатевте 1 евро дека Медена земја ќе биде прогласен за најдобар странски филм ќе добиевте дури 30 евра.
Но, на недела дена пред оддржувањето на Оскарите, работата драстично се смени па така коефициентот за добивање на Оскар за најдобар документарен филм на Медена земја од 13 падна на 5, додека за најдобар странски филм се уште е висок коефициентот иако и тој бележи пад од 30 на 20.
Од друга страна пак, коефициентот на фаворитот според спортските обложувалница за добивање на оскар во категоријата најдобар документарен филм - Американска фабрика значително „рипна“ на седум дена пред оддржувањето на оскарите и се качи на 1.45 од 1.17.
Во продолжение актуелните коефициенти во Спортските обложувалници „Sport Life“ за Оскарите.