Стопанската комора на Македонија денеска ќе презентира активности за продлабочување на соработката со научно истражувачкиот сектор, со цел поголема конкурентност на градежништвото.
На таа тема на прес-конференција во комората ќе говорат Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништвото, индустријата на градежните материјали и неметалите при Комората, како и претставници од друштвата на градежни конструктори, за патишта и за геотехника и Здружението „Македонски комитет за големи брани“.