Три албума на американската пеjaчка Аријана Гранде биле преслушани секој по над 3,5 милијарди пати на платформата „Спотифај“.

Албумите „My Everything“, „Dangerous Woman“ и „Тhank u, next“ веќе ја минаа таа граница. „Dangerous Woman“ тоа го стори викендов, што и го постави рекордот на поп-ѕвездата. Ниедна друга изведувачка не може да се пофали со толку пребарувања на нивните песни.

Освен тоа, песната „7 Rings“ на Аријана од пред една година, и натаму е во Топ 100 листата најбарани. Хитот што нејзе ѝ донесе две награди Греми, во еден миг беше и повод пејачката да биде обвинета за плагијат од раперот Џон Стоун. Имено, тој тврди дека „7 Rings“ содржи премногу елементи од неговата песна „You Need It, I Got It“ од 2017 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2020 12:29