Субвенциите за оддржување на лозовите насади се веќе на сметките на лозарите, соопштија денеска од Неготино директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски и шефот на Кабинет во Министерството за земјоделство, Никица Бачовски.

Бабовски и Бачовски на средба со земјоделците нагласија дека е решен и долгогодишниот проблем со предаденоте грозје во „Повардарие“, „Стефани“ и другите мали регистрирани винарници.

– Пред празникот „Свети Трифун“ кога и официјлно почнуваат активностите околу новата реколта, на 16.000 илјади лица во еден ден им исплативме 583 милиони денари. Станува збор за исплата по мерката „директни плаќања за оддржување лозови насади“. Корисници се земјоделски стопанства кои имаат минимум 0,2 хектара лозови насади, кои се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанстава и кои стекнале право на користење на оваа поддршка, рече Бабовски.

Бачовски дополни дека Владата, Министерството и Агенцијата во изминатиот период донесоа храбри и решителни одлуки од корист на земјоделците.

– Исплативме 1,2 милиона евра за 2.048 лозари кои имаа предадено грозје во 2014 и 2016 година, а не им беше платено. Со ова исправивме една неправда која беше направена на лозарите. Исто така, минатата година исплативме близу девет милиони евра за основната субвенција за оддржување лозови насади, додека за дополнителната субвенција од еден денар по килограм предадено грозје на сметките на 6.240 лица исплативме над еден милион евра. Како и до сега, МЗШВ ќе продолжи да биде партнер на земјоделците. Нема повеќе списоци и поделби. Сите кои стекнале право на финансиска поддршка, во еден ден ги добиваат парите, напомена Бачовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2020 14:49