Поради офанзивата на сириските владини сили против последната бунтовничка енклава на северозапад, раселени се 520.000 луѓе во рок од два месеца, јави ДПА.

– Огромно мнозинство – 80 проценти – од нив се жени и деца, изјави Дејвид Свонсон, портпарол на Службата на ОН за координација на хуманитарна помош.

Тој додаде дека дневните напади од воздух и артилериски оган резултирале со „непотребно страдање за локалните заедници во текот на изминатите девет месеци, при што многумина немаа друг избор освен да избегаат за да го спасат својот живот“.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2020 18:16